недела, 19 мај 2024
Во март ќе има битка за последните три места на континенталниот собир

Извлечени двојките од плејофот за ЕВРО 2024, Македонија може да жали

Објавено на

часот

Сподели

Попладнево во Нион, на полуделигирана ждрепка, беа одредени полуфиналните пресметки од плеј-офот кој ќе ги даде последните три учесници на ЕВРО 2024.

Македонија може да жали за лошиот настап во Лигата на нации, каде Грузија заврши прва во нашата група и сега ќе игра против Луксембург во полуфиналето во плеј-офот во Лигата Ц.

Победникот од овој дуел ќе биде домаќин на финалето, а ќе се сретне со подобриот од пресметката помеѓу Грција и Казахстан.

Во Лига Б, Босна ќе се сретне со Украина, а Изреал ќе ги одмери силите со Исланд.

Во Лига А, Полска ќе има пресметка со Естонија, додека пак Велс за противник ја доби Финска.

Натпреварите од плеј-офот ќе бидат на програмата во март месец следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ