сабота, 16 ноември 2024
Анкета

ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во водство, албанската опозиција ѝ се приближува на ДУИ

Анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) покажува дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат најголема поддршка од македонските граѓани пред претстојните парламентарни избори.

Објавено на

часот

Сподели

Телефонското истражување на јавното мислење ИПИС го спроведе од 25 до 27 октомври на 1.055 полнолетни испитаници во МакедонијаВо истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.

Од одговорите на испитаниците може да се заклучи дека речиси 50 отсто од граѓаните сѐ уште не одлучиле за кого ќе гласаат и одговориле со не знам, не сакам да кажам или нема да гласам.  За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,3 % од испитаниците, а за СДСМ 11,3%.

ц

Кај албанскиот политички блок, најавената опозициска коалиција меѓу Алтернатива, Беса и Демократско движење за првпат во истражувањата на јавното мислење заедно имаат речиси еднаков рејтинг со ДУИ.

Кај политичките лидери убедливо е водството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски (16,5%), пред Али Ахмети, претседателот на ДУИ (6,1%) и Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ (5,6%). Од лидерите на помалите политички партии се појавуваат имињата и на Максим Димитриевски, претседателот на ЗНАМ (3,9%), и на Димитар Апасиев, претседателот на Левица (3,8%).

ц

Убедливо е мнозинството од граѓаните што сметаат дека парламентарните и претседателските избори наредната година треба да се одржат заедно – 66,6 отсто од испитаниците.

ц

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата. Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок, кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради неговите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.
Истражувањето е подложно на статистичка грешка од +/– 3 % .

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ