недела, 7 јули 2024

И покрај неубедливите игри, Англија останува прв фаворит за освојување на ЕП

Во пресрет на четвртфиналните натпревари кои почнуваат утре, обложувалниците ги извадија коефициентите на фаворити за освојување на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Пред почетокот на натпреварувањето Англија беше прв фаворит, но англичаните досега не импресионираа во ниту една партија од одиграните четири. Секунди недостасуваа да бидат елиминирани од Словачка, но и покрај тоа, букмејкерите им даваат најголеми шанси за освојување на ЕП.

На второто место се проби Шпанија која изгледа најдобро досега, а Франција која важеше за втор фаворит, сега е трета со ист коеифициент како и Германија.

Следуваат Холандија, Португалија и Швајцарија, а убедливо најмали шанси ѝ се даваат на Турција.

Коефициенти за освојување на ЕП:
Англија 4,5
Шпанија 5
Франција 5,5
Германија 5,5
Холандија 8
Португалија 10
Швајцарија 15
Турција 35

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ