понеделник, 20 мај 2024

Хутите по грешка истрелале ракета кон брод што превезувал руска нафта

Попладнево нов проектил беше истрелан кон брод во Црвено Море, соопшти британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Од УКМТО велат дека командантот на бродот пријавил дека проектилот паднал во водата на оддалеченост од околу 400 метри, околу 90 наутички милји југоисточно од јеменскиот пристаништен град Аден, а потоа го следеле три мали летала.

Нема информации за повредени или за штети, а бродот плови кон следното пристаниште.

Ројтерс ја пренесе изјавата на британската компанија за поморска безбедност Амбри: „Ова беше втор танкер што Хутите по грешка го гаѓаа додека превезуваше руска нафта. Танкерот под панамско знаме забележа три брода додека пловеше на исток низ меѓународниот препорачан транзитен коридор“.

Компанијата оцени дека бродот бил по грешка гаѓан, врз основа на застарени јавно достапни информации што го поврзуваат со Британија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ