сабота, 27 јули 2024

Евгениј Поп Ацев примен во меѓународната „Куќа на славни“ во маратонското пливање (ФОТО)

Големо признание за македонскиот пливачки маратонец, Евгениј Поп Ацев, Македонецот стана дел од меѓународната „Куќа на славни“ во маратонското ливање.

Објавено на

часот

Сподели

Евгениј Поп Ацев влезе во друштво на најдобрите во историјата на маратонското пливање. Тој е горд на ова признание кое е голема привилегија да се добие.

„Голема чест и привилегија е да се биде во „Куќата на славните“ на маратонско пливање, меѓу најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го она што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија, придонесов и оставив белег во светот на маратонското пливање. Многу сум благодарен за номинацијата, за изборот и за големото признание од една ваква голема светска организација, како и на сите кои беа дел од мојата пливачка кариера и ме поддржуваа во минатите 20 години“, изјави Поп Ацев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ