сабота, 27 јули 2024

Скопските пожарникари, херои кои во стара опрема и со мали плати спасуваат животи, а им фалат уште 270 колеги

На скопската пожарна ѝ фалат 270 пожарникари, а оние кои се на работните места долго работеа во стари униформи, немаат доволно опрема и за интервенциите се снаоѓаат како знаат и умеат. И покрај несоодветните услови и малите плати тие за една година имале 2.000 интервенции, а во нив успеале по огнот од пожарите да ги стоплат срцата на оние кои ги спасиле.

Објавено на

часот

Сподели

На денешното одбележување на 20 Мај, Денот на македонските пожарникари градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска испрати апел до новата влада која треба да биде формирана, во прв план да ги стави потребите на пожарникарите бидејќи се многу значајни за градот, а се со мали примања.

Но, иако имаат недоволна пополнетост на кадар и недоволна опрема, сепак овие луѓе, односно околу 180 пожарникари на ниво на Скопје се херои кои бележат успеси.

„Условите за работа на пожарникарите не се на највисоко ниво и она кое што треба да се испорача не е направено. Апелирам и ќе побараме од новата влада да донесе прописи со кои пожарникарите ќе имаат промена во условите за плаќање, а и да им се обезбеди опрема каква што заслужуваат. Петнаесет години тие немаа нови униформи, а за тоа треба само да се поништи правилникот кој што во овој момент постои. Поради бирократија не можат да се примат нови луѓе. На Скопје му требаат 450 пожарникари, а има околу 180. Пречка е одобрувањето на средства од буџетот за кој се нема слух да биде одобрено. Апелирам ова да биде едно од првите работи кои ќе се сменат. Овие луѓе заслужуваат да бидат почитувани и ценети“, изјави Арсовска.

Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Томевски во своето обраќање укажа на предизвиците со кои се соочуваат пожарникарите и упати благодарност до нив за нивната работа во услови кои не се на највисоко ниво.

„Бригадата за противпожарна заштита брои 180 пожарникари, за жал од предвидените 384 пожарникари кои секојдневно ги завршуваат своите работни задачи и одговараат на потребите на граѓаните на Град Скопје. Во периодот од минатогодишното одбележување на 20 мај до денес, Бригадата за протипожарна заштита бележи над 2000 интервенции кои беа успешно реализирани, благодарение на пожртвуваноста на вработените. Сакам да им се заблагодарам на моите колеги и колешки кои иако работат во услови на недоволна пополнетост, како и недоволна опременост, бележат успеси на своите работни задачи“, истакна Томевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ