сабота, 27 јули 2024

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Министерството за трговија на Кина денеска објави дека на некои американски компании ќе им забрани увозни и извозни активности поврзани со Кина, вклучително и продажба на оружје на Тајван, и ќе им забрани нови инвестиции во Кина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството го стави Џенерал атомикс еронотикал системс на својата листа на недоверливи ентитети бидејќи компанијата продавала оружје на Тајван, се вели во соопштението. Вклучена е и Џенерал дајнамикс ланд системс.

Според државните медиуми, Боинг дифенс, Спејс анд секјурити исто така се наоѓа на листата на недоверливи. На високите директори на сите три компании им е забранет влезот во Кина, додека нивните работни дозволи ќе им бидат укинати, како и статусот на посетител, а сродните барања што ги поднесуваат нема да бидат одобрени, се вели во соопштението на министерството, пренесува државната новинска агенција Ксинхуа.

Кина исто така започна антидампинг истрага против одредени производители на хемикалии од Европската унија, САД, Јапонија и Тајван, објави во неделата Министерството за трговија.

Предметните хемикалии се „кополимеризиран параформалдехид“, кој може „делумно да го замени бакарот, цинкот, калајот, оловото и други метални материјали“ и се користат во автомобилски делови, електрични апарати и индустриски машини.

Експертите ги гледаат мерките на кинеската влада како реакција на последните случувања во трговскиот спор со Западот. Меѓу другото, минатата недела американскиот претседател Џо Бајден воведе посебни 100 процентни царини за увоз на електрични автомобили од Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ