петок, 26 јули 2024

Израелски функционер: Израел не е вмешан во смртта на Раиси

Израел на никаков начин не е вмешан во смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, изјави израелски претставник за новинската агенција Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа не бевме ние“, рече функционерот, кој сакаше да остане анонимен.

Гласини почнаа да кружат низ социјалните мрежи во кои се тврди дека Мосад е вмешан во хеликоптерската несреќа.

Во моментов сè укажува дека хеликоптерот се урнал поради лошите временски услови и слабата видливост, додава Ројтерс објаснувајќи дека Иран и Израел се долгогодишни непријатели, а Израел силно се противи на развојот на нуклеарната програма на Техеран.

Иран, во различен степен, поддржувал, финансирал и обучувал повеќе групи низ регионот на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Хамас во Газа, Хутите во Јемен, Хезболах во Либан и бројни други фракции со седиште во Сирија и Ирак.

Израел ретко официјално ги коментира своите активности надвор од своите граници, кои во последните месеци вклучуваа напади во Либан, Сирија и Иран.

Во април, Иран започна директен напад врз Израел, овластен од Раиси, за кој рече дека е одмазда за наводниот израелски напад врз ирански дипломатски комплекс во сириската престолнина Дамаск, на 1 април, во кој беше убиен висок претставник во иранската Исламска револуционерна гарда и уште осум офицери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ