петок, 26 јули 2024

Путин му изрази сочувство на Иран: „Раиси беше вистински пријател на Русија“

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, опишувајќи го Раиси како вистински пријател на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ве молиме прифатете го моето длабоко сочувство во врска со големата трагедија што го снајде народот на Исламската Република Иран“, му напиша Путин на Хамнеи во порака, соопшти Кремљ.

Тој го опиша Раиси како „извонреден политичар чиј живот беше посветен да ѝ служи на татковината“ и „вистински пријател на Русија, кој даде непроценлив личен придонес во развојот на добрососедските односи меѓу нашите земји и вложи големи напори да ги доведе на ниво на стратешко партнерство“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ