сабота, 27 јули 2024
НБА

Денвер испушти +20, залудни беа и 34 поени на Јокиќ, Минесота оди во финале

Минесота ја доби мајсторката против Денвер, утрово славеше со 90-98 и се пласираше во финале на Западнта конференција.

Објавено на

часот

Сподели

НБА ќе добие нов шампион, Минесота по огромна борба ја доби серијата против Денвер со 3-4.

Утрово, „волците“ славеа на гостувањето во „Бол Арена“ со 90-98 и се пласираа во финале на Западната конференција.

Денвер има за што да жали откако на отварањето на второто полувреме беше во предност од 20 поени (58-38), но Минесото брзо ја анулираше негативата, веќе до крајот на третата четвртина позитивната беше само еден поен.

Во последните 12 минути, Минесота имаше целосна контрола, па сосема заслужено стигна до триумф.

Мареј со 35 поени беше прв стрелец на Денвер, Јокиќ забележа 34 поени и 19 скокови, но потфрли останатиот дел од тимот, кој не даде никаква поддршка.

Кај победникот, Џејден Мекданиелс уфрли 23 поени, Карл-Ентони Таунс додаде 23 поени со 12 скока, а фантастичен придонес дадоа Едвардс со 16 поени, Руди Гобер со 13 поени и 9 скока, Наз Рид, најдобриот шести играч од регуларниот дел кој синоќа уфрли 11 поени, Мајк Конли додаде 10 поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ