„Нормално дека патот кон Европската Унија не е само деклараративен туку обврските преземени за тој пат треба да се сработат. И, апсолутно, изјавите на амбасадорот Коп треба да се сфатат сериозно. Паралелно со декларативната определба за членство во ЕУ, институциите, а особено Владата, треба да ги сработат домашните задачи посебно во делот на борбата против корупцијата и реформите во правосудниот систем“, изјави за МКД.мк Хоџа како коментар на вчера изнесените остри и директни критики на амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп кон политичката и судска власт во поглед на евроинтеграциските амбиции на Македонија.
Коп без дипломатски ракавици оцени и рече:
„Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполн.ување на барањата за членство. Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам дека Европската унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас не оставате да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници“?
Во пораката која се однесува на правосудниот систем се послужи со една латинска изрека: „Правдата нека се изврши дури и небото да пропаѓа“..
Амбасадорот Коп рече и дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што, како што рече, блокираат промени и ја блокираат Инстанбулската конвенција.
П.Џ.