„Прв состанок на Централниот совет на Европската демократска партија. На оваа средба разговаравме за методологијата на избор на координаторите на Советите на општините како и членовите на координативниот совет како привремено тело кое ќе служи за структурна организација на партијата“, напиша Хоџа.
По состанокот на советот на ЕДП, дознаваме дека се разговарало и за можноста и оваа партија да стане дел од владината коалиција, да заземе неколку позиции во извршната власт и да биде дел од владиниот т.н. европски фронт. Можно е ЕДП на претстојните избори да биде дел од заеднички листи на партиите од тој фронт.
Вчера на фејсбук Хоџа реагираше и на предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски химната да се пее секој понеделник во сите училишта во Македонија.
„Химната и државните симболи имаат свое место и време каде се користат и не треба да служат за малтретирање. Овој предлог само го покажува националистичкиот менталитет на ВМРО-ДПМНЕ да ги храни децата со национализам и со тоа да ја мотивира нивната политика кон социјална и државна изолација.
Имам покреативен предлог за тоа што децата во оваа земја треба да го слушаат и тоа не секој понеделник, туку секој ден: да слушаат како ВМРО-ДПМНЕ продава лажен национализам додека се забавува антиевропски агенди; како ВМРО-ДПМНЕ промовира омраза и поделби; како ВМРО-ДПМНЕ ја блокира европската иднина на младите генерации; како ВМРО-ДПМНЕ ја изолира државата; како ВМРО-ДПМНЕ практикува власт против албанската нација во општините предводени од нејзините кадри… Со ваков пристап државата многу ризикува и затоа е потребен поголем блок со јасна ориентација за европската иднина на државата“м напиша Хоџа на својот фејсбук-профил.