недела, 7 јули 2024

Горештини и во Русија: во Москва срушен рекордот од 1917 година (ВИДЕО)

Русите денеска се соочија со највисоките температури во повеќе од еден век – Москва го собори рекордот поставен во 1917 година, а градовите во најголемата европска земја „вриеја“ на температури далеку над 35 Целзиусови степени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во Москва, каде што температурите знаат да паднат и до минус 40 Целзиусови степени за време на легендарната руска зима, на 3 јули живата се искачи на 32,7 Целзиусови степени, соборувајќи го рекордот од 1917 година за тој ден за половина степен, соопшти метеоролошкиот центар ФОБОС.

Рекордите се рушат од рускиот брег на Тихи Океан и дивината на Сибир до европските делови на Русија, објави ФОБОС.

Топлото време предизвика огромна побарувачка за клима-уреди и вентилатори, додека московјаните голтаа рекордни количества сладолед и ладни пијалаци. На патниците во метрото и возовите им се дели вода.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ги повика жителите на московската метропола, која има повеќе од 20 милиони жители, да преземат мерки на претпазливост и да избегнуваат да излегуваат надвор во најжешките периоди од денот.

Фото: ЕПА

„Во текот на денот температурата на воздухот ќе ја надмине климатската норма и повторно ќе се искачи над 30 степени“, рече Собјанин.

Собјанин рече дека за петок се предвидуваат грмежи и дека постои можност за град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ