недела, 7 јули 2024
Вимблдон

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло, по три часа игра го скрши Фирнли

Новак Ѓоковиќ по голема бора и три часа игра го совлада Џејкоб Фирнли со 3-1 во сетови (6-3, 6-4, 5-7 и 7-5).

Објавено на

часот

Сподели

22 годишниот Џејкоб Фирнли, кој за прв пат учествува на Вимблдон, ќе може да се пофали дека му пружил силен отпор на Новак Ѓоковиќ и освоил сет против српскиот ас.

Популарниот Ноле сигурно го отвори натпреварот и рутински ги освои првите два сета, но следуваше неочекуван пад.

Младиот Британец ги искористи грешките на големиот шампион, па го освои третиот сет со 7-5.

Сепак, Новак Ѓоковиќ во следниот сет му се реваншираше со истиот резултат и обезбеди пласман во третото коло, каде ќе игра против Андриј Попирин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ