сабота, 16 ноември 2024
Реакција од лидерот на Алтернатива

Гаши: Незадоволството во чаирскиот огранок е од лица кои веќе не се дел од партијата

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши денеска рече дека соопштението на чаирскиот огранок во кое се вели дека две третини поднеле оставки на позициите во органите на партијата е резултат на незадоволство на дел од лицата кои, како што рече, веќе еден период не се дел од Алтернатива. Тој додаде дека тоа е резултат на турбуленциите во албанскиот блок на партии во изминатите месеци. „Станува збор за нормални појави особено ако се земат предвид разните превирања во некои од партиите, како и наближувањето на изборите, рече Гаши“.

Објавено на

часот

Сподели

„Во пресрет на изборите се диференцираат двата блока во албанскиот политички табор. Се разбира, секој граѓанин или партиски активист има демократско право да избере дали ќе оди со опозицијата или со владејачките партии, а граѓаните чии симпатизери ќе бидат. Затоа велам, нема да осудувам, немам кон никого предрасуди, се понатаму ќе биде во функција на изборната битка. Но, тие што сакаат промени, тие ни се приклучуваат нас, на албанската опозиција“; рече Гаши.

Во денешното соопштение адресирано од чаирскиот огранок, лидерот на Алтернатива и неколкумина други високи функционери беа обвинети дека партијата и самиот огранок ги водат врз база на непотизам и клиентелизам и дека две третини од членовите на советот на огранокот поради тоа понеле оставки, како и неколку други оставки од органите на партијата,

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ