недела, 30 јуни 2024

Филков во Идризово, состојбата во затворите е алармантна

Ресоцијализација и рехабилитација со лоши услови во затворите не може да има, рече министерот за правда Игор Филков по посетата на затворот во Идризово, откако во затвореното одделение Амбуланта во голема тепачка биле повредени припадници на затворската полиција и затвореници.

Објавено на

часот

Сподели

Во разговорот со директорот на затворот, Зоран Јовановски, министерот беше информиран за настанот како и за проблемите со кои се соочува установата, пренатрупаноста, немањето соодветни просторни услови за сместување, недостигот на медицински персонал и лица задолжени за ресоцијализација. По извршениот претрес во одделението Амбуланта биле пронајдени 37 метални шипки, 21 дрвена рачка, 3 кабли, 12 штрафови, 15 ножеви, 4 штрафцигери, пластичен шприц со 2 игли, ножици, парчиња од скршено стакло и 3 полначи за мобилен телефон. При физичката пресметка предизвикана била поголема материјална штета.

Во наредниот период потребно е да се донесат конкретни мерки за подобрување на состојбите и условите во затворите, соопшти Министерството за правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ