Според извештајот, турските власти го одложиле полетувањето на авионот за Израел одбивајќи да го дополнат со гориво, иако се чини дека имало напредок во преговорите и дека авионот наскоро ќе може да полета.
На патниците им било кажано дека се очекува да поминат неколку часа на земја во Турција, без дозвола да го напуштат авионот, јавува Тајмс оф Израел.
Сите директни летови меѓу Израел и Турција се откажани откако почна израелската војна во Газа, а во мај Анкара објави дека ја прекинува трговијата со Тел Авив.