вторник, 22 октомври 2024

Се степале затвореници во Идризово, има и повредени

Вчера се случила тепачка помеѓу повеќе затвореници во затворот во Идризово, при што тројца биле повредени, од кои двајца биле пренесени во Комплексот клиники Мајка Тереза.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, во затвореното амбулантно одделение во затворот бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе осудени лица.

„На 26 јуни 2024 во 13:10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10:30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе осудени лица, при што со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, по што биле пренесени во Комплексот клиники Мајка Тереза за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ