петок, 19 јули 2024

Голем шумски пожар кај Атина, го гасат 17 авиони (ВИДЕО)

Грчките пожарникари се борат денес со шумски пожар јужно од Атина а нивните напори ги отежнува силниот ветер, само неколку часа откако успеале да спречат ширење на пожарот во планинското подрачје во близина на грчката престолнина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Десетици пожарникари, помогнати од 17 авиони, се борат да го скротат новиот пожар кој избил во ретко населената област во близина на Кератеа, 35 километри јужно од Атина.

Грчка телевизија прикажа најмалку една куќа во пламен како и висок столб чад кој се крева над запалена борова шума и маслинови дрва.

Во текот на викендот избија десетици шумски пожари низ Грција, потпомогнати од силниот ветер.

Пожарникарите се и понатаму ангажирани на островот Серифос каде вчера изби пожар и брзо се рашири, а повеќе села се евакуирани.

Шумските пожари се вообичаени во оваа медитеранска земја, но стануваат сè поразорни во последните години поради високите температурите, сушата и ветерот, што научниците го поврзуваат со климатските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ