недела, 14 јули 2024

Летните одмори се во тек, зголемена е фреквенцијата на граничните премини

Зголемена е фреквенцијата на сите гранични премини за влез во земјава, информираат од АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Најголем интензитет на сообраќај има на граничниот премин Табановце, каде се чека околу два часа, додека на останатите гранични премини, велат од АМСМ, се чека по околу еден час.

Од АМСМ нагласуваат дека е зголемен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ