петок, 19 јули 2024

Зеленски бара повеќе системи за противвоздушна одбрана

Украинската итна служба соопшти дека бројот на повредени пораснал на повеќе од 30, по руски ракетен напад во кој на 29 јуни загинале седум лица во Вилнијанск, во јужниот регион Запорожје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Службата соопшти дека пожарите во зградите и автомобилите се изгасени, а гувернерот Иван Федоров кажа дека меѓу загинатите има две деца, како и осум меѓу десетиците повредени.

Нападот доаѓа при засилениот притисок на руските сили на украинската војска, долж линијата на фронтот од 1.000 километри, и засилени воздушни напади.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави вчера вечерта дека големиот руски напад, во кој на 28 јуни беше уништен дел од станбена зграда во Дњепр, е дополнителен доказ дека на неговата земја ѝ се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана од сојузниците.

„Постојат начини да се совлада секојдневниот руски терор од кој патат украинските градови. За тоа е потребно да се уништат руските терористи и лансери таму каде што се наоѓаат, како и да се зголеми бројот на модерни системи за противвоздушна одбрана во Украина“, кажа Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ