сабота, 22 јуни 2024

Европското првенство почна со рекорд кој го креираа Вирц и Мусиала (ФОТО)

Германија има фантастичен старт на Европското првенство, рано постигна два гола против Шкотска за мирно продолжение на мечот. А стрелците Вирц и Мусиала креираа рекорд.

Објавено на

часот

Сподели

Со головите на Флоријан Вирц и Јамал Мусиала (двајцата имаат 21 година), Германија стана првата репрезентација во историјата која имала двајца различни стрелци на еден меч на Европско кои имаат 21 година или помалку.

И тоа не е сѐ, двајцата ќе влезат и во историјата на германскиот фудбал.

Флоријан Вирц со 21 година и 42 дена стана најмладиот Германец кој дал гол на Европско првенство, а Јамал Мусиала со 21 година и 109 дена е вториот најмлад стрелец за Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ