Новото издание на Кома Америка, кое ова лето се игра во САД, почна со триумф на актуелниот шампион, Аргентина со 2-0 ја победи Канада.
Резултатот беше отворен на стартот од вториот дел, Меси испрати фантастично додавање во фор за Мекалистер, кој во обидот да стигне прв до топката пред голманот, перфектно му асистираше на Алварез за 1-0.
Победата беше осигурана во финишот, кога Меси повторно испрати точна топка во фор, а Лаутаро Мартинез ја протна меѓу нозете на голманот за 2-0.
Самиот Лео Меси можеше предвреме да го реши натпреварот, во наврати излезе сам пред голманот на Канада, но имаше две големи промашувања во намерата да лобува.