недела, 17 ноември 2024
Изјава пред состанокот на Европската политичка заедница во Гранада

ЕУ со зголемена динамика се прилагодува на функционирање со повеќе земји членки, смета премиерот

Мислам дека ние се наоѓаме во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Од друга страна, ЕУ има стратегиски интерес и веќе отворен процес за свое прилагодување кое што е паралелен во однос на тоа дека ќе треба да функционира во иднина со земји кои што имаат поголем број од сегашниот што значи дека ќе постои динамика и на страната на земјите кандидати за членство, мислам на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, меѓутоа и динамика внатре во ЕУ во однос на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки“, изјави Ковачевски.

Објавено на

часот

Сподели

Во изјавата дадена пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница што се одржува во Гранада, Шпанија, Ковачевски истакна дека по многу години, сега на агендата како тема е проширувањето на Европската Унија.

„Ова е исклучително важен состанок со сите земји во Европа и една од главните теми што нам ни е од најголема важност е проширувањето, а секако ќе дискутираме и теми поврзани со дигитализацијата и воведувањето на вештачката интелигенција со цел подобрување на условите за граѓаните“, изјави премиерот. 

 

Според Ковачевски, како што веќе има најавено претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, во рамки на ЕУ се води дебата во однос на подготовката на ЕУ за прием на нови членки од една страна и од друга страна процесите за пристапување кои што самите земји членки ги имаат со ЕУ.

Тој смета дека тоа што е наведено во документот изработен од Германија и Франција е позитивно за Македонија и за државите од регионот. 

„Јас не можам тоа да го коментирам во моментов бидејќи се работи за работен документ кој не е финален и затоа ќе оставам тие да го комуницираат, иако го имам видено, и сметам дека тоа што стои во самиот работен документ е позитивно“, рече Ковачевски.

Во рамки на состанокот, како што посочи, планирано е да има работни состаноци на кои ќе присуствуваат премиерите на Франција, Италија, Обединетото Кралство и на други држави, како на претставникот на Европскиот парламент и на Европската Комисија, а планинрани се и билатерални средби со премиерите на Холандија и на Ирска, како и со потпретседателот на ЕК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ