недела, 30 јуни 2024

ЕУ го запре грузискиот пат кон членство

Лидерите на ЕУ вчера одлучија да ја запрат Грузија на патот кон Европската унија поради новиот закон за невладини организации (НВО) кои добиваат странски средства.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според законот, независните медиуми и другите граѓански организации мора да се регистрираат како „странски агенти“ и да достават информации до државата доколку добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство.

Законот за невладини организации „претставува назадување“ на условите поставени за Грузија да се приклучи на блокот, се вели во соопштението на лидерите на ЕУ.

Во соопштението се повикуваат грузиските власти да ги повлечат „актуелните дејствија кои го загрозуваат патот на Грузија кон ЕУ, де факто доведувајќи го пристапниот процес во застој“.

Грузија е официјален кандидат за членство во ЕУ од декември 2023 година.

Масовните протести во Грузија и интервенцијата на ЕУ и САД, кои се противат на законот, не ја поколебаа владата.

Противниците веруваат дека законот, кој стапи на сила на почетокот на јуни, ќе служи за замолчување на организациите кои ја критикуваат владата на начин сличен на рускиот.

Владејачката партија Грузиски сон го оправда законот со зголемување на транспарентноста и зајакнување на суверенитетот на Грузија.

ЕУ досега разговараше за низа одговори на случувањата во Грузија, вклучително и замрзнување состаноци на високо ниво и насочување на финансирањето на ЕУ директно до невладините организации во земјата.

Исто така, имаше загриженост за поддршката на грузиската јавност, која останува цврсто проевропска.

„Главниот фокус е да се испрати силна порака до грузиската влада и да се поддржи грузискиот народ“, изјави дипломат на ЕУ за ДПА во четвртокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ