сабота, 20 јули 2024

Почнаа изборите кои ќе ја одредат иднината на Европа

Првиот круг избори за националното собрание на Франција се одржува денес, а претседателот Емануел Макрон сака да го зголеми релативното мнозинство во долниот дом кое го има неговото движење Ренесанса, додека лидерката на крајната десница Марин ле Пен е уверена дека ќе освои апсолутно мнозинство во парламентот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гласачките места се отворени од 8часот наутро, а право на глас имаат 49,3 милиони луѓе.

Макрон распиша предвремени избори откако крајно десниот Национален собир (РН) на Марин ле Пен оствари голем успех на изборите за Европскиот парламент на почетокот на овој месец.

РН води во предизборните анкети и пред новиот левичарски сојуз, Новиот народен фронт (НПФ), неодамна основан за изборите. Центристичката Ренесанса е на трето место.

Не се знае дали РН може да освои апсолутно мнозинство односно 289 места во националното собрание. Најновата анкета на Ифоп во средата покажа дека РН и неговите сојузници ќе освојат меѓу 220 и 260 пратенички места.

Ако антиемигрантскиот, евроскептичен РН освои мнозинство во националното собрание со 577 места, Макрон ќе мора да именува премиер од нивните редови за да обезбеди стабилна влада.

Ле Пен е уверена дека нејзината партија ќе освои апсолутно мнозинство во парламентот, ќе состави влада и ќе му наметне ограничувања на претседателот Макрон околу Украина.

„Кога станува збор за должноста премиер, претседателот сфаќа дека нема многу избор, бидејќи Жордан Бардела ќе има мандат од францускиот народ“, кажа Ле Пен за тоа кого нејзината партија го гледа на чело на владата.

Во собранието влегуваат кандидатите кои во првиот круг ќе освојат апсолутно мнозинство, но во повеќето изборни единици победникот ќе се знае дури по вториот круг на 7 јули.

Вториот и последен мандат на Макрон завршува во 2027 и тој останува претседател без оглед на изборите, но можеби ќе мора да ја дели власта со противниците.

Марин ле Пен се смета за најсериозна кандидатка на следните претседателски избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ