Во соопштението од собраниската прес-служба се наведува дека на средбата Гаши го потврдил афирмативниот став на земјава за пристапување на Косово кон сите мултилатерални и регионални организации, како и дека во иднина Македонија ќе продолжи со ваквата поддршка.
Претседателот на законодавниот дом искажал подготвеност за македонското Собрание да ги сподели искуствата во процесот на усвојување закони и надзор врз извршната власт во контекст на реформските процеси, како на патот кон Европската Унија, така и во однос на членството во НАТО.
Косовскиот премиер Курти, пак, истакнал дека денешната средба која следи непосредно по Втората меѓувладина конференција е индикатор дека односите меѓу Македонија и Косово добиваат на динамика, нагласувајќи дека економскиот напредок, соработката на бизнис- заедниците и доближувањето на европските стандарди се темелот на соработката меѓу двете држави.
Гаши искажал и подготвеност Собранието да ги сподели искуствата во процесот на усвојување закони и надзор врз извршната власт во контекст на реформските процеси, како на патот кон Европската унија, така и во однос на членството во НАТО. Како земја членка на НАТО, Македонија останува посветена на континуираниот ангажман на НАТО во Косово и на придонесот во КФОР.
Гаши нагласил дека иднината на Западен Балкан е во Европската унија и НАТО, а преку заеднички напори државите може да ги надминат предизвиците и да обезбедат просперитет и стабилност за своите граѓани.