сабота, 28 септември 2024

Двајца повредени и три изгорени куќи во пожар во Струмица

Две лица се повредени, а покривите на три куќи целосно изгореа во пожар во Струмица денеска претпладне, информираа од ТППЕ Струмица. Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 10:56 часот на улица Крушевска Република, над Момин бунар, ТППЕ Струмица со пет противпожарни возила и 18 пожарникари интервенираше на гасење на запалени куќи. Опожарени се вкупно три куќи и причинета е значителна материјална штета. Во акцијата на гасење и спасување, пожарникарите од едната куќа успеаја да извлечат две постари лица кои беа повредени од пожарот и да ги предадат на екипите на брза помош“, информираат од ТППЕ Струмица.

Пожарот, како што посочуваат од ТППЕ Струмица, е целосно локализиран, пожарникарите остануваат на локацијата заради евентуално разгорување поради високите температури.

Причините за пожарот засега не се познати, а увид на местото на пожарот ќе извршат увидни екипи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ