понеделник, 8 јули 2024

Додик: Се сложувам дека БиХ не е суверена, поради бошњачката поданичка политика кон Западот

Претседателот на Република Српска Милорад Додик ја коментираше посетата на бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина на Италија и неговата иницијатива упатена до италијанскиот парламент да ја поддржи одлуката од пред 32 години за усвојување резолуција за суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. Додик кажа дека Денис Беќировиќ е препотентна и самозаљубена личност која се прави паметна, без докази дека е ова последното.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неодамнешната посета на Беќировиќ на Рим предизвика бројни негативни реакции, дури и во федералните медиуми особено поради споменатата иницијатива, а Додик кажа дека бошњачкиот член на Претседателството со својата најнова иницијатива покажал дека и самиот е свесен дека БиХ не е суверена земја и дека е сè поактуелна потребата од природно мирно раздружување на РС и Федерацијата БиХ.

„Што се однесува до Беќировиќ и оваа негова иницијатива, морам да се сложам со тврдењата дека БиХ не е суверена, но не на начин на кој тој лажно тврди, туку токму поради бошњачката поданичка политика кон Западот. Меѓународниот интервенционизам е причината за сите проблеми во БиХ и генератор на сите кризи“, оцени Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ