недела, 17 ноември 2024

Димитров: Груевски ја прикриваше корупцијата со македонското знаме, Владата сега тоа го прави со европското

Процесот на проширување на ЕУ гарантира дека земјите кандидати постојано се подобруваат: повеќе владеење на правото, помалку корупција. Ова е барем идејата. Но, реалноста е поинаква. Корупцијата ја има и во името на ЕУ. Земете го примерот на Северна Македонија, пишува германскиот новинар Микаел Мартенс, добар познавач на приликите на Балканот на својот Х профил.

Објавено на

часот

Сподели

Тој во својата порака на Х, го најавува разговорот со Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи на Македонија и претседател на Балканскиот центра за конструктивни политики Солуција.

„Еден од соговорниците што ги сретнав во Скопје, поранешниот министер за надворешни работи Димитров, вели вака: Никола Груевски го вееше македонското знаме за да ја прикрие корупцијата и заробените институции. Сегашната влада го вее европското знаме за да го стори истото“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ