недела, 17 ноември 2024
23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Џафери: Старите битки потсетник на новите што ги водиме заедно за демократска држава

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Како што наведува Џафери, споменот на старите битки кои нѐ довеле до тоа што сме сега, треба да биде потсетник и учител за новите секојдневни битки кои ги водиме како граѓани на современа, демократска, напредна и безбедна Македонија. 

Објавено на

часот

Сподели

„Овој ден е споменик на револуционерната идеја која водела низ битки во кои многумина го положиле најскапоценото, животот. Затоа што знаеле дека револуцијата е крстосница помеѓу иднината и минатото. Тие верувале во слободна, независна, единствена и напредна држава во која секој ќе може да ја гради својата иднина и иднината на своите млади поколенија горделиво и достоинствено. За тоа била потребна и сѐ уште е потребна пожртвуваност, верба и визија за во иднина да се уживаат плодовите на битките низ историјата. Споменот на старите битки кои нѐ довеле до тоа што сме сега, нека биде потсетник и наш учител за новите секојдневни битки кои ги водиме во животот заедно, сплотени и единствени како граѓани на современа, демократска, напредна и безбедна Република Северна Македонија. Драги граѓани, Ви посакувам убав празничен ден, поминат во кругот на блиските и драги луѓе. Нека е честит 23 Октомври“, истакнува Џафери во честитката. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ