петок, 18 октомври 2024
НБА

Денвер тргна со убедлив триумф над Минесота во плејофот, Мајами го изненади Милвоки (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денвер лесно дојде до триумф во првиот меч од плејофот против Минесота. Главната предност ја создадоа во третата четвртина која ја добија со 32-14. На крајот славеа со 29 поени разлика, 109-80.

Никола Јокиќ постигна 13 поени, имаше и 14 скокови, најефикасен во составот на Денвер беше Мареј со 24 поени, кај Минесота Едвардс постигна 18.

Мајами со 130-117 го победи Милвоки на негов терен и направи брејк против фаворитот. Батлер со 35 поени беше фантастичен, одличен беше и Адебајо кој реализираше 22 поени со девет скокови. Во домашниот тим Мидлтон постина 33 поени.

Со гостинска победа тргна и Лејкерс кој со 128-112 триумфираше кај Мемфис. Изненадувачки одлична партија имаше Јапонецот, Хачимура кој реализираше 29 поени, тој беше најдобриот во составот на Лејкерс, кај Мемфис Џексон постигна 31 поен.

И вториот тим од Лос Анџелес, Клиперс дојде до гостинска победа. Тие славеа кај Феникс со 115-110. Ленард беше предводникот до триумдот со 38 поени, кај Феникс Дурент постигна 27 поени, имаше и 11 асистенции и девет скокови, Букер даде 26 поени.

Резултати: Мемфис – ЛА Лејкерс 112-128, Милвоки – Мајами 117-130, Феникс – ЛА Клиперс 110-115, Денвер – Минесота 109-80.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ