среда, 4 декември 2024

Димитријевиќ даде неверојатни 43 поени, но и тие не беа доволни за победа над Литванија

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ имаше свое шоу на мечот во Литванија, но откако тој излезе од игра поради повреда, мечот беше решен, Македонија доживеа тежок пораз со 72-94.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија не може со еден кошаркар, Нено Димитријевиќ се обиде да ни донесе победа, постигна неверојатни 43 поени, имаше шест асистенции и четири скокови за само 29 одиграни минути, но тоа не беше доволно за да победиме.

Водевме на полувремето со 46-43, беше изедначено и на почетокот од последниот период. Но, се повреди Димитријевиќ, Литванците го искористија тоа и дојдоа до победа од дури 22 разлика, беше 94-72 за нив.

Ние немавме ниту еден друг кошаркар со двоцифрен број на поени, Крстевски, Маслинко и Стајиќ постигнаа по шест. Во составот на Литванија Радџевициус постигна 18 поени, имаше и 11 скокови.

За Македонија шансите не се загубени благодарение на Полска која со 88-86 ја совлада Естонија.

Во последните два меча од квалификациите ќе мора да ги победиме Полска и Естонија, со Естонците ќе мора и кош разликата да ни биде подобра. Тие ја совладаа Македонија со пет поени разлика во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ