среда, 3 јули 2024

ЦУК: Активни се уште два пожари, УХМР за вечерва најавува невреме со пороен дож

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека викендов имало 17 пожари на отворено, од кои два се сѐ уште активни – во Општина Василево, кај село Добрашинци каде гори ниска шума и грмушки и во Општина Прилеп, над населбата Варош каде гори ниска вегетација.

Објавено на

часот

Сподели

Вечерва имаше дежурни пожарникари во струмичкото село Сушево, а од утрово веќе неколку часа се на терен струмичките и радовишките пожарникари. Вчера во гасненњето на пожарите учествуваа пожарникарите од ТППЕ Струмица со  4 ПП возила и 20 пожарникари, од ТППЕ Радовиш со 5 пожарникари и 2 ПП возила и околу 25 полицајци, а целодневно дејствуваа двата хеликоптера на МВР и се одбранија селата во тој регион.

Од пожарот зад населбата Варош во Општина Прилеп активен е крак што се движи кон манастирот Траскавец, но нема опасност за населените места. Во текот на изминатиот ден интервенирале 15 пожарникари со 5 ПП возила од ТППЕ Прилеп и една цистерна од ЈП Комуналец Прилеп. Во моментов на терен се ТППЕ Прилеп со 1 ПП возило и 5  пожарникари. Градоначалникот на Општина Прилеп утрово побарал воздухопловна поддршка.

Во последното деноноќие целосно се изгаснати шест пожари на отворено во општините: Неготино, Виница, Берово, Гостивар и Шуто Оризари.

УХМР најави дека во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ