Црна Гора сосема заслужено испадна во Лига Ц откако вечерва го забележа и петтиот пораз на исто толку натпревари во Лигата на нации.
Исланд вечерва со 0-2 славеше во Подгорица, резултат кој веројатно ќе донесе и отказ за селекторот Роберт Просинечки.
Гостите стигнаа до трите бода со два гола во финишот од мечот, Оскарсон и Јоханесон донесоа славје.
Грузија избегна пораз против Украина и ги задржа шансите за промоција во најсилната Лига А.
Украина поведе во 7. минута со автоголот на Квирксвела, а за 1-1 погоди Микаутадзе во 76. минута.
Турција пропушти прилика да го осигура првото место во својата група откако одигра само 0-0 против Велс, домаќините имаа неколку убави шанси, а во 89. минута Актуркоглу не реализираше и пенал.