четврток, 4 јули 2024

„Бројлерски свет“ – нова книга на Стефан Влахов-Мицов

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат книгата „Бројлерски свет“ од проф. д-р Стефан Влахов –Мицов. На страниците од своето најново дело, познатиот автор пишува за моменталната светска криза и за вообразениот хомо „сапиенс“, како и за спиралата на хаосот во светски рамки. Посебен акцент става на зомбирањето во времето на национализмите, како и на дејствата на светската „Влада во сенка“ преку наднационални институции и корпорации.

Објавено на

часот

Сподели

Во редакциската препорака на изданието се констатира дека во книгата авторот предупредува оти светот се урива пред нашите очи со брзината на тонењето на некогашниот „Титаник“. И реакциите се исти како на овој брод, едни не разбираат што се случило, други се испаничени, трети чекаат спас од политичките водачи или од Господ. Заедничко за сите нив е дека дејствуваат како бројлери, независно од различната етничка, религиозна, културна, економска и идеолошка припадност.

Стефан Влахов-Мицов (1956, Габрово) е автор на 25 книжевни и научни дела, високо вреднувани од критиката. Неговото капитално дело „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ предизвика голем интерес кај научните и политичките кругови и доживеа неколку изданија.

За својот богат опус Стефан Влахов-Мицов е добитник на престижни награди и признанија, меѓу кои и на државната награда за животно дело „23 Октомври“ во областа на науката.                                                  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ