четврток, 4 јули 2024

Брера ќе напаѓа со француски фудбалер

Фудбалскиот клуб Брера од Струмица промовираше француско засилување за следната сезона, офанзивниот Џибрил Дианеси.

Објавено на

часот

Сподели

По серијата заминувања од Струмица, клубот го промовира Џибрил Дианеси кој доаѓа во ПМФЛ по настапи во Белгија, Холандија и Франција. 28-годишникот игра на позицијата напаѓач и десно крило, тој пристигнува од редовите на Ла Лувиер.

Кариерата на Дианеси тргна преку Тулуз. Тој потекнува од Мали, меѓутоа во францускиот клуб настапуваше уште од младинските категории и заигра за Б тимот. Следеа трансфери во Фортуна Ситард и Мастрихт во Холандија, играше за Пау од Франција, како и за Калју во Естонија.

Последниот ангажман му беше во белгиската втора лига за екипата на Ла Лувиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ