петок, 15 ноември 2024
Самит на ОБСЕ

Блинкен во Скопје ќе се заблагодари за лидерската улога на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Блинкен денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, а во посета на Македонија доаѓа утре каде на 29 и 30 ноември се одржува состанокот на министрите на ОБСЕ, изјави портпаролот Метју Милер.

„Во текот на посетата на Северна Македонија, државниот секретар ќе се ангажира со колегите од ОБСЕ за реафирмација на цврстите заложби на САД во ОБСЕ и главната мисија на организацијата да промовира безбедност, стабилност и соработка меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирно решавање на споровите“, рече Милер. 

Блинкен исто така ќе ја истакне главната улога што ОБСЕ ја игра во промоција на продлабочената безбедност низ регионот и ќе се заблагодари на Северна Македонија за нејзината лидерска улога, се вели во соопштението. 

Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија вчера на брифинг изјави дека на состанокот Блинкен ќе зборува и за подршката на САД и сојузниците за Украина. 

Од Скопје тој ќе опатува на Блискиот исток, во Израел и ОАЕ.  Во Израел ќе разговара за правото на Израел да се одбрани од нападите на Хамас согласно меѓународните хуманитарни закони, како и за напорите да се обезбеди ослободување на останатаите заложници. Ќе се раговара и за идното создавање на палестинска држава. 

Во Дубаи тој ќе учествува на Климатската конференција на ОН КОП28, каде со глобалните лидери ќе разговара за продолжување на борбата со климетските промени. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ