петок, 6 декември 2024

14 минути молк за 14 загинати на железничката станица во Нови Сад (ВИДЕО)

Граѓаните на Нови Сад сопреа денес на улиците на градот и стоејќи во четиринаесетминутен молк симболично им оддадоа почит на жртвите на несреќата на железничката станица на 1 ноември, кога во уривањето на натстрешницата загинаа 14 главно млади луѓе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На граѓаните им се придружија и пратеници на српската парламентарна опозиција, кои пред зградата на парламентот во Белград со црн флор 14 минути во тишина стоеја на улица.

Почит на жртвите симболично во Белград изразија и мали групи граѓани, сопирајќи на улицата Кнез Михајлова.

По несреќата во Нови Сад граѓаните им изразуваат почит на настраданите палејќи свеќи и носејќи цвеќе, како и со протести на кои бараат политичка и кривична одговорност.

Во меѓувреме оставка, „од морални причини“, поднесе само министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, негирајќи вина за смртта на 14 луѓе и одговорност за тоа што натстрешницата се урна две години по реконструкцијата на станицата, која била двапати свечено отворана, еднаш во екот на предизборната кампања.

Истрагата за причините и одговорноста за уривањето на натстрешницата ја води обвинителството во Нови Сад, а досега се сослушани 70 лица, но никој не е притворен или уапсен.

Нов протест на кој се бараат оставки и одговорност од врвот на власта е закажан за Нови Сад во недела попладне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ