среда, 11 декември 2024

Шолц му се јавил на Путин првпат по две години

Германскиот канцелар Олаф Шолц за првпат по две години разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти кабинетот на германскиот канцелар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Германскиот канцелар ја осуди руската агресија на Украина и побара од претседателот Путин прекин на нападите и повлекување на единиците“, се наведува во соопштението за телефонскиот разговор на Олаф Шолц и Путин.

Понатаму се наведува дека Шолц во разговорот инсистирал на тоа Русија да покаже спремност за преговори со Украина „со цел праведен и траен мир“.

Шолц истовремено ја истакнал и спремноста на Германија за помош на Киев „колку и да биде потребно“.

На крајот на соопштението се наведува дека германскиот канцелар пред разговорот со Путин разговарал и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека тоа ќе го направи и по разговорот со рускиот претседател. Шолц за разговорот ги известил партнерите од ЕУ и НАТО.

Шолц и Путин, како што се додава, ќе останат во контакт.

Кремљ, од своја страна, објави дека рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц денес имале „искрен разговор“, „на иницијатива на Берлин“, за конфликтот во Украина. „Извршена е детална и искрена размена на мислења за ситуацијата во Украина“, соопшти Кремљ по разговорот на двајцата лидери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ