сабота, 6 јули 2024

Бајден порача дека останува во трката за реизбор: Никој нема да ме избрка

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден повтори дека останува во трката за реизбор, и покрај растечкиот притисок на демократите од кои некои го повикуваат да се повлече. Порача дека нема на сила да биде избркан од трката.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„И понатаму се натпреварувам, јас сум лидер на Демократската партија. Никој нема да ме избрка“, кажа Бајден, а овие наводи во коментар на социјалната мрежа Икс ги пренесе негов близок соработник.

Бајден и потпретседателката на САД Камала Харис ненадејно се појавиле на состанок на Демократскиот национален комитет, велат луѓе упатени во ситуацијата, кои сакале да останат анонимни.

Извори на Асошиејтед прес велат дека говорот бил мотивациски, дека акцентот бил на тоа колкави се влоговите на изборите и дека Бајден ќе се крене откако паднал.

Ова е само еден од обидите на претседателот и неговите најблиски соработници да ја смират ситуацијата меѓу демократите на Капитол хил и во партијата. Демократите се незадоволни од објаснувањата на Белата куќа и соработниците на Бајден за лошиот настап на претседателот во дебатата со веројатниот кандидат на републиканците за претседател на САД Доналд Трамп.

Многумина се фрустрирани и од тоа што Бајден воопшто не одговорил на загриженоста во врска со дебатата, и што со останувањето во трката ги става во тешка позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ