понеделник, 17 јуни 2024

Бајден: Од двајца претседателски кандидати едниот е стар и ментално некомпетентен, другиот сум јас

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека само еден од двајцата кандидати за претседател на САД на овогодинешните избори е ментално некомпетентен и дека тоа не е тој, туку Доналд Трамп, јавува Асошиејтед прес.

Објавено на

часот

Сподели

„На овие избори двајца кандидати ја добија номинацијата на своите партии. Но еден од нив е премногу стар и ментално неподобен за работа. Другиот сум јас“, низ смеа изјави Бајден на конференцијата на Демократската партија во Вашингтон.

81-годишниот Бајден упорно ги отфрла критиките за неговата возраст, наводно слабата меморија и збунувачкото однесување, и наместо тоа ги истакнува истите недостатоци кај неговиот противник, 77-годишниот Трамп.

„Немојте да му кажувате, тој мисли дека се кандидира против Барак Обама, така кажа“, рече Бајден, кој се пошегува и дека останува буден долго време по предвиденото време за спиење.

Бајден потоа повтори дека победата на Трамп би била вистинска закана за демократијата. Тој, исто така, ги критикуваше врските меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

„Живееме во невиден момент во демократијата. Демократијата и слободата се буквално нападнати. Путин маршира во Европа. Мојот претходник му се поклонува и му вели ‘прави што сакаш’“, рече тој.

Бајден на конференцијата им беше домаќин и на украинската амбасадорка Оксана Маркарова и естонската премиерка Каја Калас. „Нема да попуштиме. Тие нема да попуштат, јас нема да попуштам“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ