Во текот на вчерашниот меч Костиќ го повреди коленото и уште во текот на првото полувреме мораше да биде заменет. Го напушти теренот со солзи во очите.
Стојковиќ вчера најави дека во текот на денешниот ден ќе бидат извршени прегледите над Костиќ по што ќе се знае неговата судбина иако се стравува дека се работи за повреда на лигаментите.
Српските медиуми утринава пишуваат дека Костиќ и дефинитивно нема да може да настапува во продолжение од Европското првенство.