недела, 7 јули 2024

Бајден апсолутно не размислува да се откаже: Белата куќа ги отфрли шпекулациите за повлекување од претседателската трка

Белата куќа ја отфрли можноста Џозеф Бајден да ја повлече својата кандидатура за втор претседателски мандат, и покрај многу сериозната загриженост за неговата кондиција. Портпаролката на Бајден, Карин Жан-Пјер, рече дека 81-годишниот американски претседател „апсолутно не размислува“ за откажување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Речиси една недела по катастрофалниот настап за време на неговата дебата со Доналд Трамп, Бајден призна дека доживеал „неуспех“.

Тој ова го призна во интервју за локална радиостаница во Висконсин, чија цела содржина ќе биде емитувана денеска.

Синоќа бил одржан состанок со целиот персонал во Белата куќа во обид да се стивне „бучавата“ по ТВ-дебатата.

Претседателот синоќа беше домаќин и на голем број демократски гувернери во Белата куќа, а некои виртуелно се приклучија на состанокот.

Гувернерите ќе го „поддржат“ Бајден, уверувале двајца од нив, Вес Мур (Мериленд) и Тим Волц (Минесота), по средбата со американскиот претседател.

Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул, на мрежата Икс го изрази своето верување дека Бајден е во трката за да победи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ