недела, 17 ноември 2024

Азир Алиу, министер од АА: ДУИ да се „апдејтира“ и да оди во опозиција

Треба да се „апдејтираат“ и да одат во опозиција. Вака во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21 за Демократската унија за интеграција вели министерот од Алијансата за Албанците Азир Алиу. Треба да ја актуелизираат опозицијата, опозицијата е здрава, рече Алиу.

Објавено на

часот

Сподели

Во продолжението од емисијата Алиу рече дека иако и неговата партија и ДУИ се во Владата, сепак се разгледуваат сите страни за одредени прашања.

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу од редовите на Алијансата за Албанците вели дека како политички субјект воопшто не зажалиле што станале дел од Владата.

Тој рече дека за да се биде дел од Владата во последната година од мандатот, треба повеќе да се работи.

„Пишман не, само требаше повеќе да се трудиме отколку да имавме 4-годишен мандат“, рече Алиу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ