четврток, 10 октомври 2024

Арбен Taравари: Многу сакам противкандидат да ми биде Али Ахмети

Кандидатот за претседател на Македонија предложен од опозицискиот албански фронт, Европски сојуз за промени, Арбен Таравари, изјави дека многу би сакал лидерот на ДУИ, Али Ахмети да му биде противкандидат за шеф на државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Многу сакам господинот Али Ахмети со мене да го трча овој политички натпревар“, рече Таравари во емисијата Политика на телевизијата Глоби.

Неговата изјава доаѓа по синоќешното ширење на шпекулацијата дека откако Таравари и официјално соопшти дека ќе се кандидира, во ДУИ се разговара Ахмети да биде кандидат на ДУИ. Денеска од ДУИ молк, а меѓу политичарите се смета дека станува збор за пробна вест раширена преку портали за кои се тврди дека се под контрола и се финансиски поддржани од ДУИ преку високиот функционер Артан Груби.

Инаку, во интервјуто Таравари вели дека одлуката да се кандидира за претседател на државата ја донел во консултација со многу пријатели и партии, меѓу кои и со  премиерите на Косово и Албанија, Албин Курти и Еди Рама.

„Но, никој не ме фатил за рака да ми каже со партијата да одам на парламентарни избори со здружената албанска опозиција“, вели Таравари, реагирајќи на тврдењата на неговиот сопартиец Зијадин Села, со кого ги извадија „воените“ секири и дојде до раскол во Алијанса за Албанците.

Главниот мотив, рече Таравари, е конечно да се случат промени кај Албанците во Македонија. Тој исклучува какви било лични мотиви или интерес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ