Во ИЕ 1, коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 80.963 гласови и 10 мандати, коалицијата За европска иднина – СДСМ има 27 164 гласови и три мандати, Левица освоила 20.989 гласови и два мандата, коалицијата Вреди 21.627 гласови и два мандата, коалицијата Европски фронт 20.586 и два мандата, додека Движењето ЗНАМ 11 944 гласови и еден мандат.
Во ИЕ 2, коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 66.422 освоени гласови и осум мандати, коалицијата Европски фронт – ДУИ 60.625 гласа и четири мандати, коалицијата Вреди 25.864 гласови и три мандати, ЗНАМ 16.264 гласови и два мандата, коалицијата За европска иднина – СДСМ 18.631 глас и два мандата и, Левица 10.654 гласови и еден мандат.
Во ИЕ 3, коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ добила 96.545 гласови и 14 мандати, коалиција За европска иднина 33.601 глас и 4 мандати, Левица 13.404 гласови и еден мандат, додека ЗНАМ 9.426 гласови и еден мандат.
Во ИЕ 4, коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 96.551 глас и 13 мандати, коалиција За европска иднина – СДСМ 41.965 гласа и пет мандати, Левица 12.428 и еден мандат и ЗНАМ 8.416 гласови и еден мандат.