сабота, 22 јуни 2024

Американскиот Врховен суд ја укина забраната за преправање на огнено оружје

Американскиот Врховен суд ја укина денес сојузната забрана за преправање на огнено оружје со помош на додатоци кои овозможуваат поголема брзина на испукување куршуми од полуавтоматски пушки така што тие стануваат фактички лесни митралези.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со шест гласа за наспроти три против судот одлучи дека сојузната Канцеларија за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозив (АТФ) во 2018 ги пречекорил своите овластувања вклучувајќи го контроверзниот додаток за оружје во категоријата на лесни митралези, кои се забранети со закон од 1934 година, од времето на прохибицијата.

„Сметаме дека полуавтоматска пушка со додаток не е „лесен митралез“ бидејќи не може да се испука повеќе од еден истрел со само едно стискање на орозот“, објасни судијата Кларенс Томас, реферирајќи на законот од 1934 кој е усвоен многу пред појавувањето на тој додаток.

Во позадината на случајот е колежот во Лас Вегас од 1 октомври 2017 година, најлошиот во современата историја на САД, во кој беа убиени 58 луѓе а над 500 беа повредени.

Повеќето од 22 пушки на напаѓачот биле опремени со додатоци па можел да пука со брзина до девет куршуми во секунда. Во февруари 2018, неколку дена по колежот во средното училиште на Флорида, во кој беа убиени 17 луѓе, администрацијата на Доналд Трамп вети дека ќе ги забрани овие додатоци.

Во декември истата година АТФ објави дека додатоците се сметаат за „лесни митралези“, повикувајќи ги луѓето кои ги поседуваат да ги уништат или да им ги предадат на властите во рок од деведесет дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ