Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 9:20 часот на улицата Благоја Стефковски во општина Гази Баба, е приведен Б. К. баран со потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело тешка кражба.
„Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната“, се наведува во соопштението од МВР.