сабота, 20 јули 2024

Реагираше и Фудбалската федерација на Албанија за скандалозната постапка на Даку

Фудбалската федерација на Албанија изрази жалење за постапката на Мирлинд Даку кој денеска треба да ја слушне одлуката на УЕФА.

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува денеска УЕФА да му врачи суспензија на Даку за навредите кон Македонците по мечот со Хрватска.

Во меѓувреме сите засегнати страни се јавуваат со реакции, последни тоа го направија од Албанската фудбалска федерација.

„Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот фудбалер Мирлинд Даку, кој се случи по натпреварот на ЕП 2024 меѓу Албанија и Хрватска. Разбираме дека во жарот на спортските натпреварувања емоциите растат, постапките на Мирлинд беа жална реакција на една исклучително напната ситуација. Мирлинд Даку веќе изрази длабоко каење за своите постапки и упати јавно извинување. Тој ги разбира последиците од неговото однесување и ја презеде целосната одговорност. Овој инцидент не го одразува неговиот карактер или вредностите до кои ние како федерација се придржуваме“, стои во реакцијата на Албанската фудбалска федерација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ